Етнографски извори за Македонија. Етнолошки атлас на СФРЈ. Етнолошки атлас на СР Македонија. Прашање бр. 124: раѓање, доење, прв заб, T. I, кн.1
Автор:
/
Издавач:
Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
ЕТНОГРАФСКИ ИЗВОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА. ЕТНОЛОШКИ АТЛАС НА СФРЈ. ЕТНОЛОШКИ АТЛАС НА СР МАКЕДОНИЈА. ПРАШАЊЕ БР. 124: РАЃАЊЕ, ДОЕЊЕ, ПРВ ЗАБ, T. I, КН.1 |
Бр. на страни:
473 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
Проектот „Етнолошки атлас на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ е најважниот и најголемиот етнолошки проект во историјата на етнолошката дисциплина во периодот на социјализмот во југословенската федерација. Следствено на тоа, проектите за етнографскиот атлас во секоја од социјалистичките републики на Југославија, исто така, претставувале најзначајните и најсуштинските активности на етнолозите во тој период. Станува збор за 320 прашалника од СР Македонија од исто толку населби, пополнувани во периодот од 1960-тите до средината на 1980-тите. Со цел овој обемен материјал, чиишто оригинали се чуваат во Архивот на Центарот за Етнолошки атлас во Загреб, да стане достапен до македонската поширока јавност и потесна стручна јавност, започнуваме со нивно објавување во повеќе томови. Овој прв том во две книги се однесува на темите раѓање, доење и прв заб. Тој ги содржи оригиналните ракописни теренски прашалници со транскрипции на истите.Изданието содржи индекс на географски поими, како и детален вовед во кој е објаснета историјата на Етнографскиот атлас и неговото значење за денешната наука.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.