Еврејското прашање и христијанството

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 234 | Димензии: 20 | Корица: мека

Сè што ќе прочитате во оваа книга го напишал или го изговорил Адолф Хитлер за двете теми кои му биле меѓу најомилените: Еврејското прашање и христијанството. Во првиот дел на книгава се запишани цитати од книгата „Мојата борба“ во кои Хитлер детално ги изнесува своите ставови за еврејското прашање и за расата, односно, расната тео­ри­ја. Првиот дел од книгата, „Биланс“, од печат излезе во 1925 година, а вториот 1926 година под наслов „Националсоцијалистичко движење“.

Во вториот дел на книгава ќе се запознаете со тоа што Хитлер за двете теми го изнел во своите говори одржани на различни места на собири, митинзи и други официјални прилики во периодот од 9 ноември 1921 до 4 мај 1941 година. Третиот дел им е посветен на неслужбените разговори на Хитлер со неговите најблиски соработници во периодот од 1941 до 1944 година. Во нив, меѓу другото, Хитлер честопати се навраќал на темата за христијанството, односно против христијанството. Белешките од разговорите ги направил Хајнрих Хајм кој присуствувал на дружењето на Хитлер со блиските соработници. Тој му бил помошник на блискиот соработник на Хитлер, Мартин Борман. Подоцна него го заменил Хенри Пикер кој бил доверлив човек на Борман. Сите тие разговори Пикер ги отчукал на машина за пишување, а Мартин Борман со својот потпис ја пот­врдил нивната автентичност. Тие записи прв пат се појавиле во 1951 година. Тогаш и Албет Шпер, еден од најблиските соработници на Хитлер, ја потврдил нивната оригиналност. Инаку, Хитлер во приватно опкружување бил познат по тоа што сакал да „филозофира“ за сè и сешто. Неговите соработници, генералите со часови трпеливо седеле и ги слушале неговите монолози.
Рангирано 1 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Еврејското прашање и христијанството

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-366-4

1 оценка за Еврејското прашање и христијанството

  1. Rated 1 out of 5

    ljupco mihajloski (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in