Европа во сепија

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Europa u sepiji | Бр. на страни: 272 | Димензии: 13x20 | Корица: тврда

„Европа во сепија“ е збирка есеи на познатата хрватска книжевничка Дубравка Угрешиќ. Триесетина есеи во кои авторката секогаш поаѓа од некое сопствено искуство, скица, настан, сеќавање, односи, но првенствено од емоциите. Автобиографски и дневнички записи што се протегаат низ целиот свет – Њујорк, Хонг Конг, Бали, Амстердам, Загреб – и со црнохуморен тоналитет го разоткриваат апсурдот на современиот живот! Прислушувајќи што зборуваат луѓето во бистроата, на книжевните трибини; опишува средби, многу тажни, но и смешни ситуации. Всушност, најчесто истовремено смешни и тажни. Потребен е странец за да видиме колку е мрачен овој свет, а Дубравка Угрешиќ е тој странец. Нејзиното пишување е грациозно и страсно, но ги задржува необичноста и хуморот што го прават бескрајно интригантно. Скалпелот на Угрешиќ засекува премногу длабоко во најболните општествени теми. Дубравка Угрешиќ е добитник на наградата „Жан Амери“ за исклучителни достигнувања во областа на есеистиката во 2012 година, а следната година од своите есеи ја составува оваа книга.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Европа во сепија

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-325-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Европа во сепија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in