Фантастични раскази – Хофман
Многу пред своето време, идејата на Е. Т. А. Хофман да го направи во книжевноста она што Жак Кало во ликовната уметност ќе биде плоден почеток на една историја што ќе ни ги даде Едгар По и Гогољ, но и Дикенс, Бодлер и Кафка. Комбинирајќи го фантастичното со реалното, Хофман е еден од првите кои ќе ги помеша границите на овие два света на таков начин што никој нема да може да познае каде едното завршува, а другото почнува.
Внимателно структуриран, овој избор од неговиот раскажувачки опус нè води од посветета на инспираторот Жак Кало, преку нултата точка на книжевната фантастика (доаѓањето на Х. В: Глук во Берлин повеќе од дваесет години по неговата смрт), низ генетичкиот код на жанрот („Музичките страдања на капел-мајсторот Јохан Крајслер“), па сè до едни од најраните обмислени излети на литературата во сферата на научно-фантастичното (, „Песочарот“, „Автомат“).
Секогаш со едната нога во светот на секојдневното, а со другата во оној на необичното, Хофман се нурнува во оние понори на човечкото лудило, страв и копнеж во кои подоцна, и експлицитно следејќи ги неговите чекори, психоаналитичарите ќе ја бараат суштината на тоа што значи да се биде човек.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.