Фармските животни и животната средина
Во последните години се зголеми интересот за енвиронменталните аспекти на земјоделството и за благосостојбата на фармските животни. Сепак, има неколку
достапни книги што ја даваат важната биолошка основа на овие прашања и, исто така, ги опишуваат ефектите на животната средина врз фармските животни и на животните врз животната средина. Книгава дава опширна синтеза. Поделена е на четири дела во кои се опфатени: факторите на животната средина што влијаат врз производството и врз благосостојбата на фармските животни; како фармските животни ја воспримаат животната средина; како реагираат на неа и ефектите на
фармските животни врз човековата средина. Авторите вклучуваат меѓународно признати научници од Обединетото Кралство, САД, Канада, Франција, Холандија, Данска, Шведска и од Египет. Книгата ќе предизвика интерес кај голем број
студенти и истражувачи што се занимаваат со психологијата на животните и производството, со однесувањето на животните и нивната благосостојба, со ветеринарната медицина и науката за животната средина.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.