Физика 8 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Физика 8 - Збирка прашања и задачи со тестови и активности |
Бр. на страни:
21 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
Оваа збирка претставува надополнување и проширување на предвидената програма по физика за основното образование и има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по физика во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалвација).
Збирката е поделена на четири теми што започнуваат со краток вовед и проширување на материјалот предвиден со новата адаптирана наставна програма. Следејќи го редоследот на наставните цели, дадени се прашања за повторување кои што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематско знаење предвидено за секој час. За секојa тема, дадени се дополнителни прашања и задачи, како и тестови предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците.
Прашањата и задачите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање и натпревари, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката, наведени се и по неколку активности за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.