Физика I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Физика I - Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование) | Бр. на страни: 144 | Димензии: 205x285 | Корица: мека

Ова издание на Физика, збирка прашања и задачи со тестови претставува дополнување и проширување на Националната програма по физика за прва година во средното образование. Има цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од физиката, но и да ги прошири нивните знаења и да им го олесни преодот во постојната програма по физика за средно образование. Освен во редовната настава по физика, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по физика, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по физика и др., како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за повторување на знаењето и за оценување.

Секоја од темите опфатени во оваа збирка почнува со кратко теоретско резиме, по што следува делот што опфаќа прашања и задачи со различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Во овој дел се дадени и повеќе решени примери што се состојат од детални одговори и решенија, вклучително и комплетни методолошки упатства и совети што му помагаат на ученикот да ги сфати сложените концепти во физиката.

За секоја тематска целина се дадени тестови во кои се опфатени прашања и задачи со различни нивоа на сложеност (заокружување, дополнување, одговори на прашања и решавање на пресметковни задачи). На крајот од збирката се дадени примери и за полугодишни и годишни тестови.

Прашањата, задачите и тестовите се составени од истакнати домашни автори со долгогодишно работно искуство во наставата, а со тоа ова издание на збирката станува незаменливо помагало во наставата по хемија во средното образование.

Цена: 300 ден

12 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Физика I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-247-918-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Физика I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in