Фројдовска читанка
Автор:
Јасна Котеска
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
фгбцб |
Бр. на страни:
875 |
Димензии:
17x24
|
Корица:
мека
Фројдовска читанка. Рана психоанализа донесува превод и детално толкување на најраната фаза од творештвото на Зигмунд Фројд. Две петтини од Читанката се преводи на најраните Фројдовски текстови (1893 - 1899) од германски на македонски јазик: Шарко (1893), Студии за хистеријата (1895), Скица за научна психологија (1895), За етиологијата на хистеријата (1896) и За екранските сеќавања (1899). Три петтини од Читанката се толкувања за значењето и судбината текстовите од настанувањето до денес. Толкувањата го објаснуваат она тенко место кога, на крајот од 19-тиот век од германската (и од француската) неврологија, се одвојува еден корпус прашања што веќе не може да бидат објаснети само со медицината: Што е его, а што е свест? Што е поделба на свеста? Зашто за Фројд не постои разлика помеѓу емоцијата и мислата? Како изгледала епохата во која работел Фројд? Каков бил семејниот живот на првите Фројдовски пациентки? Зошто болното тело одеднаш станува изложено на увид? Што е срам? Што е желба? Дали постои љубов? Какви временски парадокси се врзани за сеќавањето? Дали постои меморија на детството, или детството секогаш се помни како лага? Како се врзани човекот и животното? Дали постои нормалност? Зошто човек „бега“ во болест? Дали телото може да „зборува“? Кој знае да го чита телото? И конечно: дали зборувањето лекува? Овие прашања се толкувани во директна врска со Фројдова мисла на преминот на векот, а кадешто е соодветно, поткрепувани се со сознанијата од модерната невронаука.
Questions and Answers
You are not logged in