Фузирање меѓу меѓународното јавно и приватно право

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: The Confluence of Public and Private International Law | Бр. на страни: 416 | Димензии: 148x230 | Корица: /

Во оваа книга станува збор за минатите, сегашните и за идните релации меѓу меѓународното јавно и приватно право. Обично се прави остра разлика меѓу овие две права и се смета дека се посебни дисциплини чии интелектуални текови течат паралелно.
Авторот Алекс Милс (професор по право на Правниот факултет при Универзитетот во Лондон) се обидува да го анализира поврзувањето меѓу теориите на меѓународното јавно право и приватното. Аргументирано се преминуваат традиционалните дисциплинарни граници, со тоа што на меѓународното приватно право не се гледа како на серија од одделни национални прописи, туку како на единствен меѓународен систем што функционира преку националните судови. Со ова редефинирање се отвора можноста меѓународното приватно право да се здобие не само со поголема внатрешна кохерентност туку и со поголема доследност во поглед на меѓународните норми. Понатаму, авторот развива идеи за меѓународен конституционализам со кој би можеле да го разбереме полесно значењето на глобалниот поредок. При своите анализи, авторот најмногу се користи со правните поредоци во САД, Канада, Австралија и во ЕУ.
Низ целиот текст се провлекува фактот дека разминувањето меѓу меѓународното јавно право и приватно право отсекогаш било поголемо во теоријата отколку во практиката, особено откако меѓународното јавно право (повторно) се проширило и во себе ги вклучило приватните релации.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1690 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Фузирање меѓу меѓународното јавно и приватно право

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-171-0

1 оценка за Фузирање меѓу меѓународното јавно и приватно право

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in