Гаргара со катран

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Kloktat dehet | Бр. на страни: 256 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Во 1968 година советската војска влегува во Чехословачка и животот на младиот сирак Иља доживува пресврт. На почетокот чувствува олеснување бидејќи комунистите ги отстрануваат милосрдните сестри што го водат сиропиталиштето, но, откако децата ќе бидат препуштени сами на себе, редот и дисциплината се заменети со бруталност и хаос. Иља ќе се најде во вителот на суровото насилство. Ќе биде принуден да изврши убиство бранејќи го својот најдобар пријател и ќе ја засведочи смртта на својот брат со посебни потреби. Со пристигнувањето на војската сираците се здобиваат со воена обука. Поради тоа и поради фактот што Иља добро го познава теренот, станува помошник на еден руски тенкист. Заедно се движат сè подлабоко во еден макабричен свет на суровост, морален компромис и вечен срам. Мрачен и хумористичен, романот го прикажува созревањето на едно момче и на една држава. „Гаргара со катран“ (2005) е прогласен за книга на годината на дневниот весник „Лидове новини“. Бил номиниран и за наградата на британскиот дневен весник „Индeпендент“.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Гаргара со катран

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-426-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Гаргара со катран”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in