Господар на императорите

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Господар на императорите | Бр. на страни: 588 | Димензии: 129 x 198 mm | Корица: мека

Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и срце на царството. Мозаичарот Гај Крисп, пристигнува од запад и се соочува со предизвиците на својата уметност високо под куполата на судбината - но наскоро открива дека ниту еден човек не може да се одвои од опасните сплетки на дворот и на градот, ниту да го заборави присуството на меѓусветот, којшто секогаш е блиску. Во Царскиот град пристигнува уште еден патник, Рустем од Керакек, лекар од истокот, којшто воопшто и не претчувствува дека неговата судбина не е само да лекува.

Во овој, завршен дел од Сарантинскиот мозаик, Гај Гавриел Кеј извонредно вешто ја спојува епската авантура со длабоките размислувања за поврзаноста помеѓу уметноста и моќта и вечната борба на човекот да остави трага зад себе.

Господарот на императорите е прекрасна книга. Не очекував ништо помалку од Гај Гавриел Кеј. - Robert Jordan

ГАЈ ГАВРИЕЛ КЕЈ е роден во Канада. Од 1974 до 1975 година престојува во Оксфорд, каде што му помага на Кристофер Толкин во уредувањето на Силмарилион, чиј автор, таткото на Кристофер, Џ. Р. Р. Толкин, почина во 1973 година. Кеј со своите четиринаесет дела, преведени на повеќе од дваесет и два јазика, ужива углед на водечки романсиер од жанрот на епската фантастика, и редовно се појавува на списоците на најпродавани книги ширум светот.

Цена: 899 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Господар на императорите

Категорија:
ИСБН: 9786082213859

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Господар на императорите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in