Гозба за врани
Автор:
Џорџ Р.Р. Мартин
Издавач:
Топер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Feast for crows |
Бр. на страни:
421 |
Димензии:
145x205
|
Корица:
/
Сѐ изгледа премногу добро за да е вистина. По огорчените борби и подмолни предавства, силите што ја поделија земјата се исцрпени, па затоа се согласуваат на неудобен привремен мир. Или барем така изгледа. По смртта на кралот-чудовиште Џофри, Серсеи владее како намесничка во Кралската Земја. Заминувањето на Роб Старк го скрши ’рбетот на бунтот на Северот, а неговите браќа и сестри се расфрлени по целото кралство, како семиња на ветер. Војната што долго и силно вриеше, конечно, изгасна. Меѓутоа, како и по секоја голема борба, нема да помине многу време пред преживеаните, одметниците, разбојниците и мршојадците да почнат да се собираат и да се караат околу коските на мртвите. Додека човечките врани се собираат околу испустувањето на Седумте Кралства, се подготвуваат нови заговори и опасни нови сојузи, додека некои познати и некои сосема нови лица излегуваат од злобната зора на минати борби. Тоа е времето кога мудрите и амбициозните, подмолните и силните откриваат вештини, моќи и магии за да преживеат во суровите и ужасни времиња што ги чекаат. Дојдено е времето за благородниците и кметовите, војниците и волшебниците, убијците и мудреците да се соединат и да ја стават на коцка својата судбина... и својот живот. Бидејќи на гозбата за врани има многу гости – но малкумина ќе преживеат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.