Градот и идентитетот – филмски репрезентации
Автор:
Елена Копртла
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Градот и идентитетот – филмски репрезентации |
Бр. на страни:
274 |
Димензии:
148 x 210 мм
|
Корица:
мека
Урбаниот идентитет е идеја блиско поврзана со вистинскиот или со идеалниот пејзаж. Етничкиот идентитет е оној што го обликува урбаниот, како и стремежот кон идеалниот идентитет, и е производ што е подложен на интерпретации кај поединецот и институциите во одреден културен контекст.
Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот и идентитетот на градските средини.
Анализата на филмскиот град ги обединува историјата на уметноста, архитектурата, антропологијата, урбаните и социолошките студии, а филмскиот пејзаж се протега далеку зад екранот, за да се преиспита како преку своите пејзажи го прераскажуваме својот идентитет и како го дефинираме својот опсег во глобалната филмска заедница.
Зголемениот интерес за просторно-идентитетските феномени ќе придонесе за интересот за урбанитетот и во македонската кинематографија, каде што урбаното најчесто е препознаено и анализирано како спротивност на руралното и фолклорното и како она што се наоѓа помеѓу екстремите на филмските замисли на неосоцреализмот и космополитскиот урбанизам на балканските метрополи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.