Грофот Магнус и други приказни за духови

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Count Magnus and Other Ghost Stories | Бр. на страни: 228 | Димензии: 120/200 | Корица: тврда

Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.

Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.

Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.

Цена: 349 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Грофот Магнус и други приказни за духови

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-416-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Грофот Магнус и други приказни за духови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in