Guide Book Skopje
Автор:
Уредник – Гоце Дрткови
Издавач:
Љубовта е петтиот елемент |
Јазик:
English |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Guide Book Skopje |
Бр. на страни:
168 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Изданието Guide Book Skopje на англиски јазик во себе ги има впиено целата култура, традиција и историја, за кои со последните истражувања се има потврдено осуммилениумско постење од праисторијата до денес. Урбаниот развој на градот е обработен во воведните страни во поглавјето Седум фази во развојот на Скопје. Или, поточно, седум слоја на урбаната култура, почнувајќи од римскиот град Скупи, па сѐ до последната фаза на Скопје, главен град на државата Македонија. Особено емотивен дел од новата историја е поглавјето Носталгија, од времето на црно-белите фотографии и почетокот на влијанието на западната култура во која ќе се измешаат ориенталниот култ кон убавината и уживањето и западниот хедонизам од почетокот на 20 век. Во изданието има голем број мапи, цртани 3Д мапи, илустрации, фотографии и историја на градот каква што има ретко кој град во овој дел на Европа.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.