Хомо деус
Автор:
Јувал Ноа Харари
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Homo deus : a brief history of tomorrow |
Бр. на страни:
447 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува со истражување на проблематиката на целокупното човеково искуство со уште една неверојатно оригинална книга – Хомо деус: кратка историја на иднината. Со својот единствен стил што воодушеви милиони читатели низ светот, Харари укажува дека луѓето успеале да го направат она што се чини невозможно: да ги победат гладот, заразните болести и војните, да ги претворат од неразумни и неконтролирани сили на природата во предизвици кои може да се управуваат. За првпат во човековата историја денес повеќе луѓе умираат од премногу храна отколку од глад; повеќе луѓе умираат поради старост, а не од заразни болести; повеќе луѓе се самоубиваат отколку што гинат од воени акции, тероризам или криминал заедно. Кои ќе бидат идните проблеми на човештвото? Каква судбина им е наменета на луѓето, како самопрогласени богови на планетата Земја, кои чекори ќе ги преземеме за да ја оствариме? Хомо деус ги истражува проектите, соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век – од заобиколување на смртта до создавање вештачки живот. Пред нас се основните прашања на кои мораме да дадеме одговори: во кој правец ќе се движиме понатаму? И како ќе го заштитиме овој кревок свет од сопствената деструктивна моќ? Пред нас е следната фаза во еволуцијата: хомо деус!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.