Хроники

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Chronicles | Бр. на страни: 256 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /

Кога во 2004 година за прват се појавија мемоарите на Боб Дилан, никој не очекуваше дека се работи за стандардна автобиографија на една од најповлечените музички легенди. И навистина, Хроники се необично, но крајно поучно дело, подеднакво импулсивно, ексцетрично и инспирирачко колку и самата музика на Дилан.Избегнувањето на хронологијата и прескокнувањето на најголемиот дел од клучните моменти што му ги припишуваат многуте биографии, Дилан плови и талка низ својата приказна, засилена со низа поголеми и помали откровенија. Ако ве интересира неговата средба со Битлси зад сцената, побарајте на друго место. Дилан ја опишува сензацијата кога ја слушнал нивната песна „Do you want to know the secret“ на радио, но посветува многу повеќе мастило на продавачот Сан Пај од Лузијана, кој му кажува: „Мислам дека сè што е добро на светов е веќе направено“, и му продава стикер за браник кој гласи Најдобриот дедо на светот. Дилан секако се држи до својата агенда - исечок од весникот за боксерите од тешка категорија Џери Квери и Џими Елис и појавувањето на соул пејачот Џо Текс на „Тунајт шоу“ го поттикнуваат на длабоко размислување, а сепак атентатот врз Џон Кенеди во 1963 не изнудува ниту еден збор од најголемиот „бунтовник” на музичката сцена.Хроники, на начин карактеристичен за Дилан, ни разоткрива исто колку и неговите најзначајни албуми. Истовремено создавајќи сосема нови мистерии, нуди кратки увиди во мислите на еден од најзначајните уметнички гласови на 20. век.

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Хроники

Категорија:
ИСБН: 9786084577829

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Хроники”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in