Идентитет и суверенитет / Димитар Мирчев
Автор:
Димитар Мирчев
Издавач:
Макавеј |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Идентитет и суверенитет / Димитар Мирчев |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
Б5; 24 cm
|
Корица:
мека
Есеи за идентитетот и суверенитетот од Димитар Мирчев
Издавачот „Макавеј“ од Скопје во едицијата „Historia est...“ објави книга есеи „Идентитет и суверенитет“ од проф. д-р Димитар Мирчев, која е целина од пет аналитични, есеистички пристапи во објаснувањето на темите поврзани со поновата и најновата македонска политичка и општествена стварност.
- Темата која и денес го држи во политичка затегнатост македонскиот општествен простор, односно позицијата на идентитетот и суверенитетот е обработена во есејот „Идентитет и суверенитет“ и заедно со последниот есеј „За македонските работи“ претставува редок публицистички спој на клучните теми од демократизацијата на македонското општество кои Мирчев ги зачнува во неговите постари есеи „Раните подготовки“, „Шокот на политичкиот плурализам“ и „Распадот“ кои се средишница на оваа книга, соопшти „Макавеј“.
Издавачот наведува дека новата книга на проф. д-р Мирчев е успешно продолжение на двете негови претходни книги кои беа посветени на балканските национални програми и на трите македонски демократски пролети.
- Во истражувачкиот пристап кон темите Мирчев се потврдува како елоквентен, точен и строг аналитичар но и есеист кој многу успешно покрај политиколошкиот дискурс мошне успешно ги користи и сознанијата од другите науки, како историјата, социологијата, економијата, со единствена цел најкомлексно и компетентно да ги докаже своите тези, додава „Макавеј“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.