Интерпретограми : (студии за македонската книжевност)

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Интерпретограми : (студии за македонската книжевност) | Бр. на страни: 248 | Димензии: 21 | Корица: /

Ракописот Интерпретограми (студии за македонската книжевност) од проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова е студија од областа на теоријата на книжевноста, книжевната критика и книжевната херменевтика. Ова е нејзина осма книга составена од студии и огледи од областа на книжевната наука и компаратистиката. Во седумнаесетте текста испишани како сериозни интерпретативни анализи се толкуваат одбрани – прозни, поетски и драмски – дела од македонската литература. Толкувањата се изведени низ призма на одредени книжевно-теориски категории и како проверка и примена на некои референтни херменевтички модели и концепции, какви што се, на пример: теориите на интертекстуалноста, транстекстуалноста, цитатноста и интердискурзивноста, теориите на метафикцијата и теориската фикција, начелата на метакритиката, модусите на жанровската хибридизација, постмеморијата како култура и како литература. Покрај жанровската хетерогеност на анализираните книжевни дела и покрај широкиот спектар теориски поими и модели што се актуализирани во анализите, оваа студија ги опфаќа книжевните остварувања на еминентни македонски автори, од различни генерации: Кочо Рацин, Блаже Конески, Георги Сталев, Слободан Мицковиќ, Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Димитрие Дурацовски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, Блаже Миневски, Кица Колбе, Калина Малеска, Сашо Димоски, чиишто дела се сместени и во добро промислени компаративни толкувачки контексти (поставени во корелација со некои автори од регионот). Академик Катица Ќулавкова

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Интерпретограми : (студии за македонската книжевност)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-721-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Интерпретограми : (студии за македонската книжевност)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in