Интерпретограми : (студии за македонската книжевност)
Автор:
Марија Ѓорѓиева Димова
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Интерпретограми : (студии за македонската книжевност) |
Бр. на страни:
248 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Ракописот Интерпретограми (студии за македонската книжевност) од проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова е студија од областа на теоријата на книжевноста, книжевната критика и книжевната херменевтика. Ова е нејзина осма книга составена од студии и огледи од областа на книжевната наука и компаратистиката. Во седумнаесетте текста испишани како сериозни интерпретативни анализи се толкуваат одбрани – прозни, поетски и драмски – дела од македонската литература. Толкувањата се изведени низ призма на одредени книжевно-теориски категории и како проверка и примена на некои референтни херменевтички модели и концепции, какви што се, на пример: теориите на интертекстуалноста, транстекстуалноста, цитатноста и интердискурзивноста, теориите на метафикцијата и теориската фикција, начелата на метакритиката, модусите на жанровската хибридизација, постмеморијата како култура и како литература. Покрај жанровската хетерогеност на анализираните книжевни дела и покрај широкиот спектар теориски поими и модели што се актуализирани во анализите, оваа студија ги опфаќа книжевните остварувања на еминентни македонски автори, од различни генерации: Кочо Рацин, Блаже Конески, Георги Сталев, Слободан Мицковиќ, Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Димитрие Дурацовски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, Блаже Миневски, Кица Колбе, Калина Малеска, Сашо Димоски, чиишто дела се сместени и во добро промислени компаративни толкувачки контексти (поставени во корелација со некои автори од регионот). Академик Катица Ќулавкова
Оценки
Сѐ уште нема оценки.