Испитување на конструкциите кај историските градби: Студија за технологијата за конзервација на згради, мостови, кули и фабрики

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: Structural investigation of historic buildings: A case study guide to preservation technology for buildings, bridges, towers and mills | Num. of pages: 296 | Dimensions: 190x230 | Cover: /

Станува збор за алатка со чија помош им се дава втора шанса за живот на историските градби. Очигледно е дека конзервацијата на постојните градби има економска и општествена вредност. Освен тоа, историските градби претставуваат одлична лабораторија за истражување на градежништвото, градежните материјали, проектирањето и на форензичкото инженерство.
Без да се оптоварува читателот со непотребни пресметки, во книгата се дискутира за улогата на градежниот инженер во процесот на евалуација и конзервација од аспект на безбедноста на конструкцијата и нејзина анализа. Авторот дава неколку примери за конкретни студии на случаите за градбите како што се: зградата „Монтаг“ и „Ватуга хол“, црквата „Света Хелена“, „Маркет хол“, поместување на црквата „Свети Филип Моравски“ и светилникот „Кејп Хатерас“, дрвената конструкција на „Бар таун“ и „Хаупт“, покриениот мост „Корниш“, аквадуктот „Тохикон“ и други. Во секоја студија се дава опис на проектот и на неговата историја, проценката на условите, градежна анализа, разни дискусии, препораки и опис на изведените интервенции, збогатен со фотографии и цртежи.
Д
ејвид С. Фишети е градежен инженер со 40-годишно искуство во градежништвото. Претседател е на „ДЦФ инженеринг„ од Кари, С. Каролина.
Со ова свое дело сака да даде личен придонес во спасувањето на старите објекти од уривање и да им помогне на сите градежни инженери и други лица што се инволвирани во проектите за оспособување на историските градби.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1750 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Испитување на конструкциите кај историските градби: Студија за технологијата за конзервација на згради, мостови, кули и фабрики

Category:
SKU: 978-608-229-193-2

1 review for Испитување на конструкциите кај историските градби: Студија за технологијата за конзервација на згради, мостови, кули и фабрики

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in