Историја на француското приватно право од 1804
По традиција, студиите и истражувањата на историчарите по француско право хронолошки завршуваат во Граѓанскиот законик што настанал како резултат на долгото зреење и унификација на прописите од приватното право. Треба да се нагласи дека денес се наметнува потребата од примена на историски методи за изучување на приватното правото од 1804 година па наваму. Исто така, досегашниот развој на правото што ни е познат во последниве децении од минатиот век покажува дека современата историја во минатото е создавана повеќе како непосредна.
Историјата е разгледувана од два аспекта. Надворешен, којшто се поврзува со изворите на правото: граѓанското законодавство, правосудството, доктрината и практиката и внатрешен, во вид на есеј за глобалната историја на правниот систем со наполеонова кодификација.
Ова дело има амбиција да послужи како прелиминарен обид за одвојување и за автономија на правото од општеството. Сето тоа е благодарение на авторот на ова издание, Жан-Луј Халпрен, професор на Универзитетот од Бургоња и декан на факултетот по право и политички науки при Универзитетот во Дижон.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Историја на француското приватно право од 1804
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –