Историја на Македонија

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Историја на Македонија | Бр. на страни: 402 | Димензии: 240х170 | Корица: мека

„Историја на Македонија“ од Павел Шатев е објавена како прв том од оставината на Шатев, чии трудови досега речиси воопшто не се објавувани во Република Македонија. Со неа Шатев се легитимира за првиот македонски интелектуалец историограф кој ја користи научната методологија и кој пишува историја на Македонија. На историјата на Македонија Шатев ѝ се посветил последните години од својот живот, користејќи и цитирајќи релевантна светска литература.Книгата содржи три пообемни труда кои ја опфаќаат речиси интегралната историја на Македонија и претставуваат првата покомплетна Историја на Македонија, напишана од еден македонски интелектуалец се: 1) Македонија низ вековите. Македонија во древноста, средниот и новиот век; 2) Доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров. Ропство под владеењето на турските султани (пишуван во 1944 година во затворот во Ќустендил) и 3) Врховизам и централизам-федерализам. Два светогледа, два концепта.На крајот на книгата, како прилог, е објавена и македонска хронологија изработена од Шатев, а која го опфаќа периодот од 1878 до 1903 година.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Историја на Македонија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-24-1

Questions and Answers

You are not logged in