Изгубени души
Најновиот роман на писателката Соња Смилеска е криминалистичко-психолошка драма за патешествијата на една мајка по загубата на нејзината десетгодишна ќерка во крајно неразјаснети околности. Од првиот до последниот ред романот е полн со заплети, пресврти и изненадувања и целосно ќе го задржи вашето внимание, но и ќе ви ја растрепери душата.
Докторката Љупка конечно расчисти со клеветењата што некој ги фрли врз неа во минатото. Од денес таа повторно ќе му се посвети на своето семејство, на ќеркичката Јана и на сопругот Славе со неговата ќерка Тања. Но денот, вечерта одминуваше, а десетгодишната Јана од училиште не се врати дома, ја немаше никаде.
Што ѝ се случи, каде е, ја грабна ли некој, ѝ стори ли некој нешто? Имаше ли уште некои нерасчистени сметки за кои Љупка требаше да плати, а цената ја плати малата Јана...? Се прашуваше таа, а ја прашуваше и полицијата, сопругот, фамилијата.
5 оценки за Изгубени души
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
одлична книга, се чита во еден здив ! Препорачувам 🙂
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Изгубени души е прекрасна книга се чита во еден здив затоа што е посветена на луѓето со тешки судбини полна со заплети,расплети и изненадувања кои вашето внимание го држат до последниот ред. Ужвав додека ја читав топло ви ја препорачувам !
Anonymous (верификуван корисник) –