Јанѕа
Автор:
Ана Петровска
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Јанѕа |
Бр. на страни:
64 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Нејзините песни се исполнети со директно искажани емоции, почнувајќи од љубовта, осаменоста, па сѐ до длабоките јанѕи, што го следат животот на секое човечко суштество без разлика во кое време и во кој простор го минува/изминува својот живот. Токму во оваа смисла, нејзината поезија има универзална, што значи вонвременска и општочовечка димензија, сеедно што е пишувана во едно конкретно време и во еден, исто така, конкретен урбан простор (...) покрај емотивната природа на нејзината поезија, таа може да се означи како мисловна, односно како рефлексна и авторефлексна поезија. Токму претходното ја повлекува наредната одлика на оваа збирка поезија. Имено, авторката Ана Петровска не само што го чувствува животот и постоењето воопшто, туку и размислува за светот, за другите, како и за самата себе. проф. д-р Љубомир Цуцуловски Драги читатели, впијте ги овие стихови без страв од избликот на чувствата на Петровска. Нејзиното творештво топло ги здружува уметниците, поетите и мислителите – оние што не тонат во апстракции, но копнеат по допирливото... Верица Костова
Questions and Answers
You are not logged in