Јазикот како егзистенцијален модел

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Јазикот како егзистенцијален модел | Бр. на страни: 189 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Во овој труд авторот дава одговор на прашањето: зошто јазикот како најефикасно и спознајно средство најдобро опстојува во историјата на човештвото, односно се прикажува јазикот како модел со кој ќе се моделира егзистенцијата на човекот, што е необичен потфат во досегашната теоретска практика, која досега се задоволувала повеќе со неговиот адекватен опис.Во трудот претежно се користи материјал од македонскиот јазик. Целта, преку анализата на материјалот, а особено на топонимскиот материјал, е да се прикажат најбитните јазични промени во неговата структура (се поаѓа од системот: систем, елемент, структура, конструкција, функционално поведение) како судбински запис и на македонскиот народ.„Јазикот е пример за најсеопфатен историски запис на егзистенцијата на човекот, пишува Маринко Митков во оваа книга. Зборот за човекот е закон, бил на почетокот и, за чесните луѓе, ќе остане... Јазикот батисува кога батисува човекот. Кога не се води конкретна грижа за конкретниот човек (со работа да си го избори своето место под Сонцето), најмалку останува време да води грижа и за својот конкретен јазик. Во борбата за леб и сол, имаме чувство, ама баш му е гајле за својот јазик и на македонскиот човек... Јазикот е огледало на животот на конкретниот човек. Во оваа книга се укажува и на опасностите за македонскиот јазик од забите на најсовремената технолизација, техникализација и глобализација на светот.“

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Јазикот како егзистенцијален модел

Категорија:
ИСБН: 978-9989-163-46-4

Questions and Answers

You are not logged in