Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишан со грчко писмо
Автор:
Борче Арсов
Издавач:
Пагома Прес |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишан со грчко писмо |
Бр. на страни:
254 |
Димензии:
214
|
Корица:
/
До времето на настанувањето на македонските преводи на Новиот завет на народен јазик (на крајот на 18 в. и во 19 в.), кај нас не постои целосен превод на црковнословенски јазик, туку постојат фрагменти, какви што се, на пр., дамаскините. Овие преводи, иако содржат елементи од народниот јазик, се без некоја заедничка јазична и стилска норма. Кониковското евангелие (КЕ), Кулакиското евангелие (КуЕ) и Бобошчанското евангелие (БЕ) се првите досега познати посериозни преводи на Новиот завет на народен македонски јазик. Вклучувајќи го тука и Трлиското евангелие, кое не е дел од анализата во книгава, овие текстови сочинуваат една целина, бидејќи сите претставуваат преводи на изборни неделни евангелија (апракоси ) на македонски народен јазик (со помала или поголема авторска стилизација) и се напишани со грчко писмо (алфавит).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.