Како да се измами владата: Економскиот систем на евазија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Cheating the Government: The Economics of Evasion | Бр. на страни: 282 | Димензии: 130x204 | Корица: /

Затајувањето данок, работењето на црно, измамите на социјалната помош, со еден збор „сивата економија“, претставува растечка појава. Ова е поткрепено со многу научни трудови и со новинарски написи. Пред да се навлезе во таа проблематика, авторот бара одговор за: Дали економската анализа е доволна алатка при учењето за тоа што е незаконско однесување и врз основа на што тоа незаконско однесување да се подложи на специјален третман?
Авторот Френк А. Коуел (вонреден професор по економија при Лондонското училиште за економија) е еден од водечките светски имиња во областа на теоретските економски анализи на даночното затајување. Тој систематски го проучува проблемот со „сивата економија“ и како може одредени економски анализи да се применат против затајувачите на данок. Исто така, дадени се препораки за мерки што треба да се преземат за давање контраудар. Неговото истражување покренува низа прашања што извираат од срцето на јавната економија и ги открива недостатоците при примената на стандардните криминални методи за даночно затајување.
Во текстот е развиена аналитичка рамка којашто прикажува како „сивата економија“ расте и ги посочува едноставните економски механизми што наведуваат на однесување што води кон даночно затајување. Коуел забележува дека стандардно добрите социјални услови (основениот аргумент против мамењето) се „прилично еластични“, па затоа во преден план ја става примената на политика што ќе ги црпи информациите од економските анализи, особено во однос на опсегот и практичноста.
Книга мора да биде прочитана од луѓето што се занимаваат со даночна политика и од сите оние што сакаат да бидат професионалци во финансискиот сектор.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Како да се измами владата: Економскиот систем на евазија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-93-5

1 оценка за Како да се измами владата: Економскиот систем на евазија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in