Ќерка на пустината
Автор:
Таласа Али
Издавач:
ПАНИЛИ, Скопје |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Companions of paradise |
Бр. на страни:
395 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Прекрасна приказна за една млада жена која доаѓа во Индија да си најде маж, но со игра на судбината таа станува спасител на малото индиско бебе и станува негов старател со тоа што влегува во брак со неговиот татко. После три години поминати во Индија Маријана со својата тетка и тетин заминува во Аганистан со надеж дека таму ќе има свој дом со офицерот Фицџералд.
Таа пристигнува и се сместува во слабо заштитениот воен логор во Кабул. Растргната е меѓу љубовта кон нејзиниот индиски маж од кого нема добиено ни една единствена порака и не знае дали тој ѝ простил и дали се развел од неа, и од друга страна дали да ја прифати понудата на Англискиот офицер и да го продолжи животот без љубов.
Таа оди во немирниот и опасен Кабул во потрага на видовитиот Хаџи Кан кој ги поседува одговорите на прашањата кои ја мачат. Меѓутоа тие одговори имаат своја цена…
Во Кабул британските колонијалисти уживаат во задоволствата и убавините на Кабул, не обрнуваќи внимание на локалното население кое е иритирано од окупацијата и од тоа што не го почитуваат договорот кој го потпишале со нив. Авганистанците креваат бунт и британскиот логор е под заседа без доволно храна, санитетски маетеријал, вода, огрев, муниција - со еден збор оставени се сами на себе, а помош не доаѓа од никаде. Маријана мора да ја донесе судбоносната одлуката и своите сакани како да ги спаси од незамисливиот ужас…
1 оценка за Ќерка на пустината
Questions and Answers
You are not logged in
Elena Klemova (верификуван корисник) –