Класична персиска поезија

Автор: Хајам
Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Класична персиска поезија | Бр. на страни: 386 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Персиската е една од најстарите и најбогатите светски книжевности. А сепак, најголемиот и веројатно најубавиот дел од неа е напишан по арапското освојување на Персија – спрегата меѓу зороастризмот и исламот и веќе раскошното културно и цивилизациско наследство од Персија ќе создадат плодна почва за врвни книжевно-уметнички дострели. Омар Хајам, Сади, Руми и Хафиз се четворицата најголеми поети на класичната персиска поезија од нејзиниот „златен“ период, од дванаесеттиот до четиринаесеттиот век на новата ера. И покрај нивното разновидно творештво и различните животни истории, сите ги поврзува традицијата позната како „љубовна религија“. Таа ја проникнува персиската поезија од нејзините зачетоци и се одликува со препознатлива еротичност, духовност и обилна повеќезначност, со вешто мајсторство на зборот и стихот, како и со често меланхоличен светоглед. На страниците од оваа книга се поместени препевите на голем број од најпознатите творби на Омар Хајам, Сади, Руми и Хафиз што можеби првпат, во ваков обем, дозволува да се задоволи еден искрен и љубопитен поглед во за нас сè уште тешко достапните ризници на персиската поезија.

Цена: 300 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Класична персиска поезија

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-047-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Класична персиска поезија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in