Класична персиска поезија
Author:
Хајам
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Класична персиска поезија |
Num. of pages:
386 |
Dimensions:
135х200
|
Cover:
/
Персиската е една од најстарите и најбогатите светски книжевности. А сепак, најголемиот и веројатно најубавиот дел од неа е напишан по арапското освојување на Персија – спрегата меѓу зороастризмот и исламот и веќе раскошното културно и цивилизациско наследство од Персија ќе создадат плодна почва за врвни книжевно-уметнички дострели. Омар Хајам, Сади, Руми и Хафиз се четворицата најголеми поети на класичната персиска поезија од нејзиниот „златен“ период, од дванаесеттиот до четиринаесеттиот век на новата ера. И покрај нивното разновидно творештво и различните животни истории, сите ги поврзува традицијата позната како „љубовна религија“. Таа ја проникнува персиската поезија од нејзините зачетоци и се одликува со препознатлива еротичност, духовност и обилна повеќезначност, со вешто мајсторство на зборот и стихот, како и со често меланхоличен светоглед. На страниците од оваа книга се поместени препевите на голем број од најпознатите творби на Омар Хајам, Сади, Руми и Хафиз што можеби првпат, во ваков обем, дозволува да се задоволи еден искрен и љубопитен поглед во за нас сè уште тешко достапните ризници на персиската поезија.
Reviews
There are no reviews yet.