Книга за измислените суштества

Издавач: Бегемот | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: EL LIBRO DE LOS SERES IMAGINARIOS | Бр. на страни: 230 | Димензии: 180x110 | Корица: тврда

Измислените суштества што се појавуваа на страниците на оваа книга, која ги сплотува ерудицијата и привлечноста, некогаш поттикнувале восхит или страв, ги инспирирале човечките верувања и суеверијата. Особени примери од фантастичната фауна, расеани по разни религии и митологии, а исто така и по литературните дела, се закануваат со пеколни страдања, некогаш со волшебнички благослов, а понекогаш влегуваа во сферата на метафизиката. Како што пишува самиот Борхес: „Насловот на оваа книга ќе ги оправда вметнувањата на принцот Хамлет, на точката, на линијата, на површината, на хиперкубот, на сите општи зборови и, можеби, на секој еден од нас и на Господ. Начелно, на речиси целиот свет. Како и да е, прибегнавме кон она што веднаш го навестува изразот измислени суштества. Составивме прирачник за чудните суштества што ги има создадено, во текот на времето и во просторот, фантазијата на луѓето.“

Цена: 300 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Книга за измислените суштества

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-87-1

Questions and Answers

You are not logged in