Кој ќе ги згрее птиците / Who will keep the birds warm
Автор:
Искра Донева
Издавач:
Македонска реч |
Јазик:
Македонски |
Година:
2006
Оригинален наслов:
Кој ќе ги згрее птиците / Who will keep the birds warm |
Бр. на страни:
154 |
Димензии:
9,5 х 5,5 cm
|
Корица:
/
„Претставувањето на книгата хаику „Кој ќе ги згрее птиците“ од Искра Донева му носи двојно задоволство на рецензентот- и поради авторот и поради делото. Донева е ново име во македонското хаику, но јас можам да си дозволам да ја наречам своја помлада (и поубава) книжевна пријателка зашто нашето дружење за
стожер и инспирација ја има токму љубовта кон литературата. Во нашите разговори често струи радоста на препознавањето, нејзиниот љубопитен, бодар дух ја закрепнува мојата разговорливост (верувам и обратно).Искра го пронајде хаикуто, или тоа неа, најспонтано, како што се вели - „со чист ум и срце“.
Запиша:Чепкалката на/ двобој предизвикува/ семка од сусам. Се спријатели со убавите дребности, го приближи благородниот поглед кон спиралата на светот.
... Дури и листот хартија има две лица, вели една стара јапонска поговорка. Не е чудно што ваквата суптилна одредба за двојната природа на смислата доаѓа токму од Јапонија. Нијансите, треперењата, кревкоста, протокот.. непрегледно е полето од каде хаику-поетот може да го набере својот блескав букет. Искра Донева ни дарува еден таков, свој хаику букет. За наше уживање“.
Александар Прокопиев
1 оценка за Кој ќе ги згрее птиците / Who will keep the birds warm
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –