Компаративна литература
Автор:
Ив Шеврел
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2005
Оригинален наслов:
La littérature comparée |
Бр. на страни:
146 |
Димензии:
140х200
|
Корица:
мека
Ив Шеврел е долгогодишен професор на Универзитетот - Сорбона во Париз, до неодамна и шеф на Катедрата за општа и компаративна книжевност на истата, автор на повеќе дела кои му создадоа висок углед во универзитетските и научните средини во Франција, но и во светот. Книгата Компаративна литература претставува синтеза на досегашните сознанија и истражувања, но таа е дело кое отвора и нови хоризонти. Со својот нагласен афинитет за правото на другиот, отфрлувајќи го нарцисоидниот франко-етноцентризам, прифаќајќи ја културата како матрица и најплоден хумус на сите литературни пројави, со афирмацијата на интердисциплинарноста и отворањето кон таканаречените „проблематични литературни зони“ (паралитературата, феминизмот, детската литература и др.) при преостанатите концизно и темелно обработени поглавја за историографијата, за книжевните митови и уметничките форми - книгата на професор Шеврел претставува несомнен предизвик за сите кои денес размислуваат за опстанокот на литературата, воопшто, а со тоа и за потенцијалните можности на новите книжевни истражувања, за компаративната книжевна наука и за нејзините утрешни перспективи. - Милан Ѓурчинов
Оценки
Сѐ уште нема оценки.