Концепти на оперативните системи
Оперативните системи со отворен извор, виртуелните машини и селектираното пресметување се наоѓаат меѓу главните полиња на оперативните системи и на мрежното поврзување што постојано се менуваат. Со значителни преработувања и организациски промени, „Концепти на оперативните системи“, осмо издание,
на Силбершац, Галвин и Гагни е ажурирано и важно, како и секогаш, и ви помага да ги совладате основните концепти на оперативните системи додека се подготвувате за развоите што се појавуваат денес.
Освен основата, осмото издание има значителни преработувања и организациски промени што ви ги покажуваат врвните развои, како што се: системи со отворен извор, повеќејадрени процесори, кластеркомпјутери, виртуелни машини, трансакциска меморија, NUMA, управување на меморијата Solaris 10,
податочниот систем ZFS на Sun и многу повеќе.
Новина во ова издание е примената на симулатор за да може динамично да се прикажат неколку теми за оперативниот систем.
Најдобро од сè е што многу подобрениот WileyPLUS, мноштвото вежби за решавање повеќе нови проблеми и вежби за програмирање и другите подобрувања на ова издание работат заедно за да ве подготват самоуверено да навлезете во светот на оперативните системи.
Абрахам Силбершац е професор на Фондацијата Сидни Џ. Вејнберг и шеф на Катедрата по компјутерска наука при Универзитетот Јеил.
Во 2002 година ја доби наградата за едукација IEEE Taylor L. Booth; во 1998 година наградата за извонреден едукатор ACM Karl V. Karlstrom и во 1997 година наградата за придонес ACM SIGMOD. Како признание за
неговото неверојатно ниво на иновативност и техничка извонредност, претседателот на лабораториите Бел го награди за три
различни проекти – проектот QTM (1998), проектот DataBlitz (1999) и проектот NetInventory (2004).
Питер Бер Галвин е главен технолог за Corporate Technologies (www.cptech.com), дистрибутер на мало и интегратор за компјутерска опрема.
Претходно г. Галвин беше системски менаџер на Катедрата за компјутерска наука при Универзитетот Браун.
Покрај тоа што предава за оперативните системи, исто така, предава и за компјутерски мрежи, дистрибуирани системи и софтверско инженерство. Исто така, организира работилници за едукатори за компјутерска наука и индустриски професионалци.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.