Концепти во хемијата на виното

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Concepts in Wine Chemistry | Бр. на страни: 488 | Димензии: 170x255 | Корица: /

За првпат објавена во 1997 година, оваа книга беше првиот текст и референца при објаснувањето на основната наука за хемијата на виното. Во последните неколку децении не е забележан подобар текст. Во ова ново целосно ревидирано и ажурирано издание се дадени најновите достигнувања во областа, а хемијата на виното како наука е издигната на уште повисоко ниво.
Д-р Јер Маргалит
е физички хемичар со долгогодишно истражувачко и наставно искуство. Тој поседува еден мал семеен лозов насад и винарница каде што го практикува сето она што го предава на Институтот „Техникон“ во Израел. Исто така, тој е консултант на многу винарници ширум светот.
Поглавјата се логично организирани, почнувајќи од составот на мувлата и сокот па с
è до описите на секој чекор од производството на вино: ферментација, феноли, оксидација, дабови буриња за чување, сулфурниот диоксид, разните процеси што се случуваат во самите визби и некои недостатоци кај вината. Исто така, како што е редот, има поглавје за историјата на хемијата на виното, како и детален индекс со основните поими во поглавјата.
Ако сте решиле да направите добро вино или, пак, сакате да знаете многу повеќе за тоа како се произведува пијалакот во чиј вкус уживате, претходно мора да ја прочитате оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 1900 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Концепти во хемијата на виното

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-264-9

2 оценки за Концепти во хемијата на виното

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Ako e vistina, togas za prv pat imame vistinska naucna kniga za vinoto

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in