Концепти во програмските јазици
Овој учебник е наменет за студентите на додипломски и на постдипломски студии во кој се објаснуваат и испитуваат централните концепти што се користат во модерните програмски јазици, како, на пример, функции, типови, управување со меморија и контрола. Книгата е уникатна во поглед на деталната презентација и споредба на главните објектно-ориентирани програмски јазици. Во одделни глави е разгледана историјата на објектите, Симула и Смолток, како и значајните програмски јазици C++ и Јава. Во главата за логичко програмирање е покажана важноста од користењето на специјализирани програмски методи при решавањето одредени видови проблеми.
Џон К. Мичел е професор по компјутерски науки на Универзитетот „Стенфорд“. Говорник е на многубројни конференции и води разни проекти за истражување, како што се, на пример, за дизајн и за анализа на програмските јазици, за компјутерска безбедност и за апликации со математичка логика.
Тој ни подарува една книга која на читателот му дава можност за подобро разбирање на самите проблеми, како и на нивните решенија што се јавуваат во дизајнот на програмските јазици и можност за разбирање на предностите и на недостатоците од актуелните програмски јазици. Бидејќи секој програмски јазик содржи различни програмски концепти, нивното познавање дава суштински придонес кон подобрување на програмирањето со внесување идеи од другите програмски јазици во програмата што се пишува на некој од јазиците.
Да се биде вистински, искусен и иновативен програмер, по читањето на оваа книга веќе не е потешкотија, туку задоволство и престиж.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Концепти во програмските јазици
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –