Концепти во Технологија на Вино

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Concepts in Wine Technology | Бр. на страни: 274 | Димензии: 170x253 | Корица: /

Оваа книга го следи развојот на технологијата за добивање вино и практиката на неговото производство во последните десетина години. Процесите со кои се среќава еден производител на вино се детално опишани од моментот на берба на грозјето, па сé до амбалажирање. Ова е вистински доследен прирачник за производство на вино со посебен акцент на практичните работи како и на примената на науката.
Д-р Јер Маргалит
е физички хемичар со долгогодишно истражувачко и наставно искуство. Тој поседува еден мал семеен лозов насад и винарница каде што го практикува сето она што го предава на Институтот „Техникон“ во Израел. Исто така, тој е консултант на многу винарници ширум светот.
Книгата содржи седум поглавја, почнувајќи од зреењето на грозјето и операциите пред неговото берење, самиот процес на берба, потоа ферментација, операциите што се изведуваат во визбата и на крај полнењето во шише. Седмото поглавје се однесува на некои општи работи како што се употребата на сулфур диоксид и на фенолните соединенија, разни законски регулативи и можностите за расипување на виното. Ако сте решиле да направите добро вино или, пак, сакате да знаете многу повеќе за тоа како се произведува нештото во кое често уживате, претходно мора да ја прочитате оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Концепти во Технологија на Вино

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-101-7

2 оценки за Концепти во Технологија на Вино

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    mirjana kovaceva najdova (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in