Копање

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: The Dig | Бр. на страни: 144 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Копање“ е жесток краток роман, сочинет од испреплетените приказни на ловец на јазовци и еден неутешен фармер, кои се одвиваат во сурова рурална средина каде што човекот, животното, земјата и временските услови постојано се жестоко спротивставени. Патиштата на двајцата се вкрстуваат со трагична неминовност. Џонс брилијантно пишува за психологијата на жалоста и изолираноста поради загуба, како и за едноставната суровост на животинското постоење со непоколебливо око на натуралист. Неговата проза е минималистичка со резонантна едноставност и повремена раскошност. Овој роман е кус, но пука со насобрана потисната енергија што прави да зазема поголем простор отколку што зафаќа на прв поглед. Кинан Џонс (1975) е велшки писател од помладата генерација, но веќе афирмиран и наградуван. Неговиот прв роман, „Долгата суша“ (2006), ја добива наградата „Бети Траск“ на британското Здружение на писатели. Во 2013 година Џонс влегува во потесен избор за наградата за најдобар расказ на „Сандеј тајмс“. Неговиот последен роман, „Копање“ (2014), е прогласен за книга на годината во велс во 2015 година, и е добитник на наградата Jerwood Fiction Uncovered. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои француски, германски, италијан­ски, шпански, португалски, турски, арапски, и др. Неговиот роман „Копање“ доби одлични одгласи од книжевната критика и медиумите. За него, меѓу другото, е речено: „’Копање‘ го претвора читателот во беспомошно жи­вотно; втренчено чекајќи го тој удар по черепот. Првиот неочекуван емотивен удар е всушност најлошиот, но при­каз­ната што се развива од овој шок е како јамка за јазо­вец: можеме да навиваме за аутсајдерот, но играта е на­мес­тена – можен е само еден исход“ – „Гардијан“. „Длабок и извонредно збиен... моќен... диптих за на­сил­ството, загубата и различните начини на кои некој може да биде заробен. Целосно е непоколеблив во описот на суровоста со којашто се соочуваат јазовците... и покрај тоа ’Копање‘ има силен морален компас, а насилството никогаш не е непотребно. Ова е роман со тежина далеку над неговата големина.“ – „Њујорк тајмс“. „Мала, прекрасно составена приказна за загуба на­спро­ти бруталноста на ловењето јазовци... Џонс покажува дека краткиот роман може да биде исто толку епски, а и стилски опсежен како и долгиот. Сместен меѓу неприја­тел­ски настроена природа, ги опишува загубата, жалоста, како и тоа како природниот циклус на смртта и распа­ѓа­ње­то влијае на душата“ – „Индепедент“ „’Копање‘ е извонреден роман, и поради тоа што е милосрдно мал, може да се чита како поезија, оставајќи зборовите да резонираат во черепот додека не се појават неверојатно привлечните шаблони на неговото длабоко значење.“ – Times „Романот ги преплетува суровите реалности на рурал­ниот живот во приказна што пленува и што останува со читателот...“ – „Телеграф“.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 150 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Копање

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-038-4

Questions and Answers

You are not logged in