Корпоративно утро
Автор:
Васко Марковски
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Корпоративно утро |
Бр. на страни:
131 |
Димензии:
185x120
|
Корица:
мека
Пишувањето хаику е како сечење фотографија по рабовите за да може да се смести во албумот – секогаш плашливо отсекуваш помалку отколку што треба и секој нареден рез или ја уништува фотографијата или засекогаш ја конзервира во албумот.
Единствениот миг трансформиран во блескаво тристишје е доближување до тишината – најголемиот непријател на премолчувањето. Васко Марковски ни го носи градот во собата, собата ја вдомува на балконите, балконите живеат во саксиите, а тие во корењата на липите. Патува за да се сети дека постојат нешта што засекогаш остануваат на исто место – низ улиците или во детството. Секое негово хаику по читањето носи тишина – во вид на насмевка, различна од оние фотографските, или поглед во далечина, различен од оној на портретите во семејните стебла. И само така личното време ја победува историската глад за вечност.
Никола Маџиров
Оценки
Сѐ уште нема оценки.