Ќосем – Величествената мајка-Султана

Издавач: / | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Muhteşem Valide - Kösem Sultan | Бр. на страни: 187 | Димензии: 21х19 | Корица: мека

Султаната Ќосем спаѓа меѓу најколоритните личности на османлиската историја која речиси половина век играла значајна улога во историјата на Османлиската Империја. Во 17 век, во државната управа на Империјата се појавила празнина поради тоа што на престол почнале да се поставуваат султани на детска возраст. Поради тоа во тој период, во преден план во управувањето со државата избиваат Харемот и мајките-султании. Тогашните историчари меѓу причините за настаните кои ја потресувале Османлиската Империја во 17 век, го сметале токму „владеењето на жените“. Меѓутоа, преземањето на државната управа од страна на султаниите Ќосем и Турхан ја спасило Османлиската Империја од недостаток на авторитет. Тоа што за мајките-султании најзначајно било да го одржат континуитетот на династијата овозможило и континуитет на државата. Во оваа книга реномираниот турски историчар и професор ЕрханАфјонџу на многу разбирлив јазик и на популарен начин разработува значајни настани од историјата на Османлиската Империја поврзани со Ќосем-султана и времето во кое таа живеела. Афјонџу е автор на повеќе дела од областа на историјата меѓу кои можат да се споменат следниве: „Османлиската Империја преку прашања и одговори“ (Sorularla Osmanlı İmparatorluğu, 2011), „Одмаздата на Троја“ (Truva’nın İntikamı, 2009), „Обетката на Јавуз“ (Yavuz’un Küpesi, 2010), „Сулејман Величенствениот“ (Muhteşem Süleyman, 2011), „Лажниот месија“ (Sahte Mesih , 2013), „Последниот светски поредок“ (Son Dünya Düzeni, 2014), „Мавзолејот на Сулејман-шах“ (Süleyman Şah Türbesi, 2015) и „Ќосем − величествената мајка-султана“ (Muhteşem Valide Kösem Sultan, 2015).

Цена: 370 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Ќосем – Величествената мајка-Султана

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-30-1

Questions and Answers

You are not logged in