Коскени часовници

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: The bone clocks | Бр. на страни: 670 | Димензии: 20 | Корица: /

..духовит, трогателен и застрашувачки, вистински триумф на фантазијата!
Со „Коскени часовници“ Дејвид Мичел ја заокружува неформалната трилогија која ја сочинуваат неговите претходни два романи, „Атлас на облаците“  и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“. Следејќи го истиот модел на шест преплетени приказни, Мичел и во овој роман гради своевиден книжевен калеидоскоп, во кој централната фигура која ги обединува засебните приказни е главниот лик – Холи Сајкс. Така, книгата следи шест децении од животот на Холи, почнувајќи од 1984, па сè до „далечната“ иднина во 2045 година. Ова му овозможува на авторот не само да врати дел од познатите ликови од неговите претходни романи, туку и да направи мешавина од неколку книжевни жанрови - од тинејџерски семеен роман, преку психолошки трилер, до фантастика и еколошка дистопија. Со тоа Мичел го заокружува целото свое творештво во еден универзум низ кој се појавуваат познати ликови и теми, но секогаш низ свежа и провокативна перспектива. „Коскени часовници“ е роман кој патува низ времето, низ културите и низ жанровите - иновативна нарација и креирање на нов свет во книжевноста.

Цена: 590 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Коскени часовници

Категорија:
ИСБН: 978-608-4770-76-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Коскени часовници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in