Крадецот на луридиум
Автор:
Боби Пирс
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВИЛИЈАМ ВЕНТОН,
МОМЧЕТО ШТО ЈА ОТКРИ
НАЈГОЛЕМАТА ЗАГАТКА НА СВЕТОТ
Дванаесетгодишниот Вилијам Вентон, не е како неговите врсници. Toj има чудесна моќ за откривање на шифри. Се обидува да разбере зошто неговото семејство пред неколку години било принудено да го промени идентитетот и во драматични околности да побегне од својот дом во Лондон и да се пресели во Норвешка, каде што живеат таен живот исполнет со страв.
Но неговиот генијален талент за разбивање на шифри е откриен и Вилијам Вентон се соочува со невидени опасности и суштества што со години чекале на него... Тој сепак е упорен во намерата да го пронајде својот мистериозно исчезнат дедо кој претходно основал и работел во уште помистериозен институт за постхумни истражувања.
Крадецот на луридиум е прва книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.
Боби Пирс (1974), норвешки сценарист и режисер, остави трага во историјата на норвешкиот филм кога во 2006 година ја освои Златната палма за сценарио и режија, а во 2015 година го објави романот за деца „Крадецот на луридиум“. Книгата во 2015 година ја освои угледната норвешка награда за детска книжевност Арк, а во 2016 година е прогласена за Книга на годината во Норвешка.
„Овој норвешки серијал може да стане новиот Хари Потер“
ВГ
1 оценка за Крадецот на луридиум
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Интересна и возбудлива книга за школски деца