Кратката пролет на Моно Самоников
Автор:
Димитар Солев
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Кратката пролет на Моно Самоников |
Бр. на страни:
162 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Моно Самоников е „чуден лик, неприспособлив месечар, homo absurdus, сенка“, ќе напише критичарот Миодраг Друговац, и живее во сопствените мисли и прогонувачки соништа. Копајќи по свеста и растурајќи низ долапите на потсвеста, Моно трага по потврда за сопствената виновност за настан што се случил во неговото детство.
А, кога Моно бил дете, имало војна. И во таа војна, детето Моно посведочило убиство кое како возрасен верува дека можел да го спречи, а не го сторил тоа. Оттука, овој роман може да се чита и како морална дилема на една цела генерација која во пресвртните историски моменти го сведочела хоророт, а притоа не можела да даде свој придонес во борбата.
„Кратката пролет на Моно Самоников“ е егзистенцијалистички роман за апсурдот на живеењето во услови на егзистенција отуѓена од стоичкото во човекот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.