Кредитен ризик: Одредување цени, мерење и управување

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Credit Risk: Pricing, Measurement and Management | Бр. на страни: 416 | Димензии: 155x235 | Корица: /

Книгата нуди јасен и сеопфатен третман на моделите за кредитен ризик од страна на двајца водечки авторитети во областа. Дарел Дафи и Кенет Џ.Синглтон се професори по финансии на Факултетот за бизнис при Универзитетот „Стенфорд“.
Тие, всушност, поставуваат еден вид стандард за кредитно моделирање, кој е применлив како од страна на теоретичарите така и од страна на практичарите. Дадена е основа за разбирање, моделирање и за мерење на кредитниот ризик, а потоа го разјаснуваат прашањето за негово управување со примена на интуитивен и природен пристап. Значаен момент е што нивното презентирање во текстот е добро втемелено во економските и во институционалните карактеристики на кредитните пазари.
Главна цел на книгата е моделирање на кредитниот ризик како инструмент за мерење на ризикот на портфолиото и за утврдување на цените на обврзниците кај кои постои можност за ненамирување и на другите хартии од вредност. Понудени се алтернативни пристапи за утврдување на цените и мерењето на финансиските ризици на кредитно-чувствителните инструменти, нагласувајќи ги силните и слабите страни во тековната практика. Опишани се одредени подобрувања во тековните практики и дадени се основи за понатамошни иновации на финансиските пазари.
Дискутирајќи за одредувањето на цените и за мерењето на ризикот, авторите направиле обид за поврзување на финасиската теорија со модерните рамислувања и со историските докази. Ова четиво е добредојдено за сите менаџери на ризик во финансиските организации, академските истражувачи и студентите во понапредна фаза од студиите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1600 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Кредитен ризик: Одредување цени, мерење и управување

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-222-9

1 оценка за Кредитен ризик: Одредување цени, мерење и управување

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in