Критична точка

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: El paciente | Бр. на страни: 400 | Димензии: 21 cm | Корица: /

За сите љубители на Баркли, Каризи, Несбе, Маријани...
...уживање до последната страница.

Романот почнува експлозивно. Така и завршува. Она што е напишано на неговите страници нема да ви го смени животот, ама секако ќе ви го задржи вниманието и интересот. Ете, токму тоа го прави совршен избор за книга во која гарантирано ќе уживате покрај море, езеро или планина.

Соочен со неподнослив и застрашувачки предизвик, познатиот неврохирург Дејвид Еванс треба да го направи изборот: животот на сопственото дете или оној на претседателот на САД. Роман полн со морални дилеми кој преку еден од ликовите чии умствени мрежи се безгранично растегнати во светот на злосторствата во еден миг ги наметнува прашањата: Каква ли ќе беше историјата, и иднината, ако Дејвид Еванс направеше поинаков избор? Дали воопшто можеше поинаку да постапи? И, што ќе се случеше ако оние кои му го наметнаа изборот ги оствареа своите закани?

Оригиналноста на романот е недвосмислена, а моќта да ве вовлече не само во приватниот трагичен живот на лекарот, туку и во мислите на психопатот е огромна.

Одлично напишана, книгата е исклучителна комбинација на неизвесност и очекување што ја прави привлечен, лесно читлив и неверојатно брз и интересен трилер.

Цена: 403 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Критична точка

Категорија:
ИСБН: 978-608-10-0362-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Критична точка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in