Мадам Тисо

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Madame Tussaud | Бр. на страни: 535 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Почетокот на романот е во периодот на 1788 година кога популарноста на кралицата Марија Антоанета веќе полека се намалува. Период на најлутата зима, дојдена веднаш после летото во кое имало многу слаб род, зима во која илјадници луѓе во Париз ќе умрат било од глад било од студ. Период во кој за сè ќе се обвинува кралското семејство!

Во тоа време нивното општество го сочинуваат три сталежи: свештенството, благородниците и буржоазијата, за на крајот да биде селанството и народот кој го поднесува целиот товар на даноците. За првпат после 1614 година сите три сталежи се свикани за да дадат совет на монархијата бидејќи таа е во толку големи долгови, што само чудо може да ја спаси. А сепак кралското семејство живее во луксуз и раскош.

Самиот наслов кажува дека сето тоа ќе го следиме преку ликот на Марија Гросхолц, позната вајарка од Париз. Марија е по потекло од Швајцарија, но кога татко ѝ загинува во војна тие се селат во Париз, кај вујко ѝ Филип Куртиус, сопственик на восочен музеј во областа Тилaри. Работата во музејот им оди добро, доаѓаат туристи од цела Европа да ги видат фигурите на: Бенџамин Френклин, кралицата Марија Антоанета, кралот Луј XVI, Роза Бертен – модистката на кралицата, Жан Жак Русо, Максимилијан Робеспјер, Маркиз Де Сад, Жан Пол Мара, мадам Ди Бари – љубовницата на кралот Луј XV итн. итн., сите оние кои имале било каква улога во почетокот на Француската револуција и развојот на тиранијата по соборувањето од власт на кралското семејство и воспоставувањето на народната слобода.

Марија ја има таа среќа, по посетата на кралското семејство на музејот на восочни фигури, да ѝ биде учителка по вајарство на мадам Елизабета, сестрата на кралот. Ете и можност да претстојува во славниот Версај! Дали Марија е воодушевена од тоа што го среќава во Версај?

Романот не би бил комплетен доколку во него не е вплетена и љубовната приказна помеѓу Марија и Анри, претставувач и научник. Дали љубовта ќе ја победи желбата за слава и збогатување? Оставам вие самите да откриете.

Падот на монархијата и подемот на тиранијата на Робеспјер е доказ за страдањето на многу луѓе од името на слободата, еднаквоста и братството. Денес си на врвот, а веќе утре си осуден на погубување со гилотина! Луѓе биле убивани и за најмалите и најбаналните работи, но сепак Марија Гросхолц, подоцна Мадам Тисо, успева да го преживее целиот терор и сите случувања на кои сведочи, а ние преку нејзината приказна ќе ги откриваме.

Цена: 518 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Мадам Тисо

Категорија:
ИСБН: 608-10-0170-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мадам Тисо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in