Магичен ковчег
Автор:
Андри Снаер Магнасон
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Tímakistan |
Бр. на страни:
272 |
Димензии:
15x21
|
Корица:
мека
Сигрун и нејзиното семејство се кријат од времето во своите запечатени временски ковчези, кога одеднаш, ковчегот на Сигрун се отвора, а таа е соочена со свет во кој владеат напуштање и урнатини. Обидувајќи се да најде смисла во тоа што се случило, Сигрун се здружува со група деца и со една чудна старица, која им раскажува приказна за алчен крал што го освоил светот, но копнеел да го освои времето. Со магичниот ковчег, проѕирен како стакло, но изработен од пајакова свила, исткаен толку густо што ни времето не можело да ги пробие ѕидовите, кралот успеал да ја заштити ќерка си од процесот на стареење. Еден ден, едно момче го отвора ковчежето, а принцезата открива дека поминале 20 години, а кралот полудел. Се чини како да постои некаква поврзаност меѓу приказната на старицата и светот на Сигрун. Таа мора да ја најде врската, која да се надеваме дека ќе ѝ покаже како да го поправи светот!
Questions and Answers
You are not logged in