Магика (Книга 4)

Издавач: АЛЕФ | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Magick (Book 4) | Бр. на страни: 846 | Димензии: 210x295 | Корица: /

Алистер Кроули посвети дваесет и пет години во пишувањето и создавањето на четирите дела од оваа книга. Таа е негов magnum opus во која тој систематски ги изнесува мистичните и магиските теории и техники што се поучуваат во неговите магиски редови  A∴A∴ и О.Т.О. Ова богато илустрирано ново издание ги содржи комплетните списи на сите четири дела од Liber ABA (Книга 4) во еден том под заедничкиот наслов Магика. Ова издание ги вклучува Кроулиевите лични дополнувања, корекции и белешки како и дузина обновени пасуси, кои беа пропуштени во првите изданија.
Магика е фундаментален учебник за модерната магика во Новиот Еон. Воедно тука се содржани непроценливи учења за студентите по јога и медитација. Кроули загосподари со јогиските практики за време на неговите проучувања на Истокот, и за нив пишува луцидно без да прибегне кон непрецизниот јазик на мистицизмот.
Почнувајќи со дискусија за универзалното потекло на светските религии во мистично откровение, Магиката потоа ја истражува теоријата и практиката на мистицизмот и магиката во светлото на модерната научна мисла. Кроулиевото лично откровение, Книгата на Законот, потоа се третира како студија на случај, со автобиографска студија на настаните кои доведоа до нејзиниот прием.
Ова издание содржи повеќе од 100 дијаграми и фотографии, како и опширни кросреференци, белешки, речник, библиографија и детален индекс. Исто така, ова ревидирано еднотомно издание содржи ревизии засновани на нови машинописи со поточен текст од сите претходни изданија и вклучува ревидиран наставен план на  A∴A∴, нова учебна програма на документи од О.Т.О. и еден важен, претходно необјавен документ на  A∴A∴.

Цена: 3452 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди

Report an abuse for product Магика (Книга 4)

Категорија:
ИСБН: 978-608-4740-03-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Магика (Книга 4)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *