Македонија – незгасната желба во време без надеж

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Македонија - незгасната желба во време без надеж | Бр. на страни: 374 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Книгата на Оливера Тренчева „Македонија – незгасната желба во време без надеж“, со поднаслов: „Животот и делото на д-р Константин Тренчев“, му е посветена на еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец, доследен до фанатизам на идејата за остварување на македонската државност, создавање на слободна и обединета, самостојна и независна македонска држава. Дејноста на Константин Тренчев досега не е расветлена во историографијата.Константин Тренчев (1895, с. Владимирово, Беровско – 1969, Скопје), заедно со неколкумина истомисленици, меѓу кои д-р Константин Терзиев од Кукуш и д-р Васил Иванов од Струмица, е еден од основачите на ВМРО 1945, и е еден од потписниците на Меморандумот до големите сили и ООН за создавање самостојна и независна држава Македонија. Набргу биле откриени основачите и раководителите и на сите 13 члена на ЦК на ВМРО 1945, им биле изречени смртни пресуди. Таа пресуда била извршена само над д-р К. Терзиев, а на другите осудени пресудите им биле заменети со долгогодишни казни.Константин Тренчев минал осум тешки затворски години, како и во напорна работа на повеќе градилишта низ Македонија, само затоа што се залагал за независна македонска држава. Оваа книга е прво сведоштво за неговата патриотска дејност и за неговите страдања и претставува првата негова рехабилитација како жртва во борбата за самостојна македонска држава.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Македонија – незгасната желба во време без надеж

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-073-1

Questions and Answers

You are not logged in